Александрија Ташвер се здружила со фотографката Тара Р. Хамилтон за да направи фотосесија во која „става крај на бракот и почнува нов живот“.

Сепак 27-годишната менажерка за малопродажба од Луисвил (Охајо) не испланирала „мирна“ фотосесија, туку ги преземала „најрадикалните“ мерки.

Алекс се венчала со сопугот во 2011 кога дознала дека е бремена со нивното прво дете, Абри, кое е родено во јули 2012 година. Потоа за 5 години имале уште 4 деца. Во 2014 година нивниот брак почнал да се распаѓа, а Алекс вели дека си заминала од дома кога едното дете имало 4 месеци за да избега од насилството.

„Во 2017 година, кога Кристијан имаше 4 месеци конечно се преселив и се обидував да го убедам да ги потпише документите за развод, но тој не сакаше. Но, за целиот тој период успеавме да останеме во пријателски односи што дури бевме и на одмор сите заедно минатото лето. Во август 2018 година тој повторно стана насилен и со помош на добри пријатели тој беше уапсен за семејно насилство и [конечно] се ослободив целосно.“, објаснува таа.

Разводот бил финализиран во април 2019 година и Алекс решила да го прослави на свој начин. Таа ја посипала венчаницата со алкохол, а потоа ја запалила и сетоа ова пред камерата на фотографката. Мајката вели дека иако е бизарно ваквиот чекор ѝ помогнал да се чувствува ослободено.

Сподели на Facebook
пати видено