Компанија која што сака да ја направи енергетска неутралност на модерните стамбени и комерцијални објекти возможна, го опреми седиштето на банка во Холандија со целосно транспарентни прозорци за производство на соларна енергија. Прозорците имаат „соларни ќелии“ инсталирани во рабовите со определен агол, што овозможува ефективното трансформирање на сончевата светлина во електрична енергија.

„Големите комерцијални објекти трошат многу енергија. Ако сакате да ги направите овие згради енергетски неутрални нема да имате доволно површина на покривите. Затоа, активирањето на фасадите на објектите значително ќе придонесе за изградбата на енергетски неутрални објекти.”, вели Фердинанд Граперхаус, ко-основач и извршен директор на компанијата „Physee“.

Прозорците може да генерираат 8 до 10 вати на моќ, според Граперхаус. „Ова му овозможува на корисникот да полни по еден телефон на секој квадратен метар, два пати на ден“, изјавил тој за Live Science.

Првата инсталација на Physee PowerWindows беше откриена во јуни во Ајндховен, на југот на Холандија. Седиштето на Rabobank, најголемата банка во Холандија, е опремено со 30 квадратни метри од PowerWindows. Вработените во банката ќе можат да ги приклучат своите паметни телефони во прозорците користејќи USB порти за да ги полнат своите батерии.

Други објекти во Холандија веќе се построени за да ја добијат иновативната соларна технологија, со што Physee доби свое место на листата на пионери на Светскиот економски форум во 2017 година.

Physee веќе работи на технологијата на следната генерација која ќе ја зголеми ефикасноста на PowerWindows. Површината на втората генерација на PowerWindows ќе биде обложена со посебен материјал кој ќе ја трансформира светлина во инфрацрвена светлина, која потоа се транспортира кон соларните ќелии во рабовите на прозорците.

Сподели на Facebook
пати видено