Тие на светот му го дале зборот „персона“, а некои сметаат дека токму тие ја обликувале римската цивилизација. Сепак Етрурците, чиишто потомци денес живеат во централна Италија, долго време претставувале една од најголемите енигми на древноста. Нивниот јазик кој сѐ уште не е целосно дешифриран, не наликувал на ниту еден друг на Апениснкиот полустров, а нивното потекло со векови било предмет на дебата во научните кругови.

tr01

Но, генетско истражување објавено викендов изгледа дека стави крај на сите сомнежи. Тоа покажува дека Етрурците дошле од област која се наоѓа во денешна Турција и дека најблиските генетски роднини на многу од денешните Тосканци и Умбријци не се наоѓаат во Италија, туку околу Измир. За време на Европската конференција за човечка генетика во Ница биле објавени резултати од генетски испитувања во три дела во Тоскана: долината Касентино и двата градови Молтера и Мурло, каде што се наоѓаат најважните локалитети со етрурски останки. Научниците зеле ДНК примероци од останките на мажи со презимиња кои се уникатни за таа област и чиишто семејства живееле таму најмалку три генерации.

tr02

Подоцна ги споредиле нивните Y хромозоми, кои се пренесуваат од татко на син, со другите групи во Италија, на Балканот, во денешна Турција и на грчкиот остров Лемнос, за коишто лингвистичките податоци сугерираат дека имаат или имале некаква врска со Етрурците.

„ДНК примероците од Мурло и Волтера се многу повеќе поврзани со тие на источните народи отколку тие на другите жители на ИТалија“, вели Алберто Пјаца од Торинскиот универзитет. „Една особена генетска варијаната најдена во примероците од Мурло се совпаѓа само со луѓе од Турција.“

Последните научни откритија го потврдуваат тоа што грчкиот историчар Херодот го кажал за Етрурците уште пред 2500 години. Првите траги на етрурската цивилизација во Италија датираат од околу 1200 г. пр.н.е. Околу седум и пол векови подоцна Херодот напишал дека Лидијците минале низ период на тешка криза во Анатолија. „Нивниот крал ги поделил на две групи и ги натерал да влечат ждрепка, едната група да остане, а другата да си замине од земјата. Тој самиот извлекол ждрепка да остане, а неговиот син кој се викал Тиренос, требал да си замине.“

tr03

Според Херодот, Лидијците биле првите луѓе кои произведувале златни и сребрени монети. Неговата приказна за ждрепките можеби и не е точна, но генетските истражувања покажуваат дека некои Лидијци навистина ја напуштиле својата татковина и веројатно преку Лемнос допатувале до Италија. Таму на латински биле наречени „Tuscii“. Објаснувањето за ова нивно име лежи во тоа што тие често граделе ридски утврдувања со високи ѕидини и кули.

Но, последните заклучоци можат да одат во прилог и на очигледно попривлечната теорија според која нивното име се поврзува со Троја – „градот на кулите“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено