Долго бараното почивалиште на славниот старогрчки философ е конечн најдено на локалитет во Егејска Македонија. Од многумина сметан за првиот вистински научник во светот, Аристотел бил роден во Стагира во 394 г. пр.н.е. и починал на возраст од шеесет и две години во Халкида. Бил ученик во Платоновата академија во Атина, а подоцна систематски почнал да проучува многу теми од кои се развиле научните дисциплини како логика, етика, биологија, физика, поетика и лингвистика.

ar

Првично се сметало дека бил закопан во Халкида, но и покрај силните напори да се лоцира неговиот гроб, неговата местоположба долго време била енигма. Но, по ископувања кои траеле повеќе од дваесет години, археолозите обзнанија дека конечно успеале да најдат нешто за што тие веруваат дека е гробницата на Аристотел, и таа се наоѓа во неговото родно место – Стагира.

Гробницата, која се состои од куполест насип и мермерен под, е датирана во Хеленистичкиот периоди и се наоѓа во центарот на градот, при што се чини дека била изложена за јавноста.

Олтарот пред гробницата, покрај патеката кон влезот, на посетителите им нудел можност да оддадат почит на славниот мудрец, додека извесен број артефакти, вклучувајќи керамика и монети од времето на Александар Велики посочуваат дека гробницата била често посетувана и одржувана. Овој наод се опишува како еден од најзначајните археолошки откритија кои во последните две десетлетија биле направени на локалитетот Стагира.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено