Еден човек многу и го имал меракот на една девојка, а таа не била многу запознаена со такви работи! Еден ден на една забава собрал храброст и ѝ предложил:
– Нешто ти се скинало! Дојди да ти го зашијам, зошто ќе ти се смеат луѓето!
Девојката се согласила. Отишле во собата и кога свршиле работа се вратиле кај другите да танцуваат. На девојката многу и се допаднало и предложила пак да отидат да ја зашие, но мажот рекол:
– Ееееее немам веќе конци!
– Имаш, имаш! Видов дека под иглата имаш цели две клопчиња!