Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден со големи попусти во локалите, многу музика и настапи, подароци, бесплатни коктелии слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендовии ДЈ како и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол ќе може да уживате во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот.Нејзе и претходатсо свој настап култните Нокаут од 18.30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

Дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското изданиена City Mall магазинот од посетителите кои ќе бидат на 1ви во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.

Вечерта на 1 октомври ќе се одржи ифиналето од квалификациониот турнир во боулинг за избор на преставник на Македонија на 52 QubicaAMF Bowling World Cup, што оваа година ќе се одржи во Шангај, Кина во периодот од 14-23 октомври. Квалификации веќе втора година по ред се во организација на клубот „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling).

Скопје сити мол повторно потврдува дека е најмаркантен градски симбол и урбантопоним, едно од моќните модни жаришта што ја поддржува и ја унапредува таа позната скопска потреба од  „живеење со многу салтанати“.

key-visual_birthday

Сподели на Facebook
пати видено