Можеби ќе се изненадите кога ќе прочитате дека досега никој не истрчал маратон на високи потпетици. Кога ќе размислите, самиот факт дека некој ќе намисли такво нешто е просто неверојатен. Но, ова ќе се промени бидејќи мајка на пет деца ќе се обиде да трча на маратон низ Лондон носејќи пар блескави високи потпетици. Во обидот да си заслужи место во Гинисовата книга на рекорди, Натали Екерт се надева да собере од 5 до 8 илјади фунти за две добротворни организации: Asthma UK и добротворна организација за унесреќени деца наречена Winston’s Wish.

Госпоѓа Екерт досега никогаш не трчала на маратон, но се надева да го истрча овој за амбициозни четири часа. Во моментот тренира за настанот трчајќи двапати неделно. За The Mail Online изјавила:

„Моите пријатели постојано ми се смеат бидејќи секогаш носев високи потпетици, дури и на училишните трки. Ги носев и кога бев бремена. Ги обожавам. Прочитав за една Германка која истрчала 100 метри со штикли, и си помислив, тоа не е ништо, треба да се обиде да истрча маратон.“

st01 st02 st03

За да се придржува до условите на Гинисовата книга на рекорди, г-ѓа Екерт ќе располага со четири идентични пара високи потпетици за трката во Лондон во април, следната година.

st04

„Секогаш сум била по спортот. Неодамна учествував на натпревар со статичен велосипед во локалната сала одржан со цел да се соберат средства за болните од рак Имам 25 недели да тренирам. Почнав да трчам на потпетици пред неколку седмици и не ми се чини премногу чудно. Единствениот можен проблем, како што ми се чини, е да ми се заглави штиклата во некоја дупка на патот или така нешто.

Би сакала да истрчам за помалку од четири часа. Никогаш не сум истрчала цел маратон, максималната далечина која сум ја истрчала е половина маратон, но сакам да си поставам амбициозна цел. Луѓето од Гинис кажаа дека минималната височина на потпетиците треба да изнесува 7.5 сантиметри, но сметам дека тоа нема да биде проблем. Најниските кои ги имам се со потпетици од 12.5 сантиметри, така што и така ќе тренирам во нив.

Ова нема да биде лесна задача за мене. Јас сум мајка на пет деца и најмалото е само тримесечно бебе. Ќе треба многу напорна работа и посветеност.“

Едвај чекаме да го видиме и ова чудо.

st05

 

Сподели на Facebook
пати видено