Теоретичарка на завери тврди дека кон крајот на овој месец Исус ќе се врати на Земјата за да ги одведе своите луѓе на небото, оставајќи ја планетата стерилна во траење од 1000 години. Нора Рот, која е компјутерски програмер, вели дека извела сложени пресметки од кои произлегува дека апокалипсата ќе се случи кон крајот на 2016 година. Во тој миг ќе биде донесена вечна праведност а Земјата ќе биде оставена да мирува еден милениум.

kr01

Г-ѓа Рот пишува: „Есента 2016 на шесте илјади години грев на Земјата ќе им дојде крајот, ќе биде донесена вечна правдина и Исус ќе дојде да го поведе Неговиот народ на небото. Тогаш ќе почне илјадагодишниот мир на Земјата.“

kr02

Пресметките на Рот се засновани врз извадок од Книгата на пророкот Даниил, која ја раскажува приказната за присилното преселување на еврејскиот народ во Вавилон, во која се зборува за „седум времиња на грев“. Рот верува дека се работи за фиксен временски период. Неделата има седум дена, се работи шест дена, а седмиот се одмара, а истото се протега и на севкупното човеково постоење на Земјата, кое според Библијата изнесува 6000 години.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено