Еден маж од Кина кој бил загрижен за благосостојбата на уличните мачки во неговиот роден град, Пекинг, неодамна го изгради првото светско засолниште за мачки кое функционира со помош на вештачка интелигенција.
Ван Кси е компјутерски инженер кој секогаш бил посветен љубител на животни. Тој секогаш ги хранел уличните мачки и им давал свежа вода. За време на оваа студена зима тој решил да се искачи еден чекор погоре и сега мачките сктиници од Пекинг можат да имаат безбедно, топло и неверојатно современо засолниште.
Ван сакал да дознае во какви услови живеат уличните мачки, па затоа се обратил на волонтери кои се грижат за нив. Тој открил дека уличните мачки живеат во просек најмногу 2 години и дека 4 од 10 мачки ќе ја преживеат зимата. Исто така дознал дека моментално има околу 40.000 улични мачки низ Пекинг. Затоа тој решил да им помогне.
Проектот наскоро станал голем и Ван создал високотехнолошко засолниште за мачки, кое во исто време функционира и како еден вид на ветеринарна клиника. Температурата во засолништето е поставена на 27 ° C и неговите врати се отвараат само на мачки преку систем на препознавање на лице. Паметните камери можат дури и да ги детектираат и посочат потенцијалните здравствени проблеми со кои можеби се соочува животното.
Податоците се ажурираат редовно и волонтерите ги добиваат известувањата до нивните канцеларии. Тие се известуваат доколку некоја од мачките има чести болести, како што е херпесвирус на мачки или гингивостомитис. Засолништето со вештачка интелигенција исто така, може да покаже дали мачката е стерилизирана или кастрирана.
Во засолништето освен вода и храна има и играчки. Очигледно е дека ова засолниште поседува сѐ што им е потребно на животните, а исто така позитивно е тоа што има тим на луѓе кој е подговтвен да им помогне кога имаат некој проблем.