Компјутерско скенирање открило дека една будистичка статуа всушност е гробница која содржи мумифицирани останки на монахот Лиукван, кој живеел во 12-тиот век, сметаат експертите. Статуата сега е изложена во музејот Дрентс во Асен, Холандија. Оваа изложба е прва прилика во која „Буда-мумијата“ излегла од Кина.
Компјутерското скенирање било изведено во Медицинскиот центар Мандер во Амерсфорт, каде што докторите зеле примероци од тогаш сѐ уште неидентификуваниот материјал и ги испитале и торакалните и абдоминалните шуплини, а исто така зеле и коскени примероци за ДНК тестови.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.