Во вистинско чудо, еден возач избегнал да биде здробен од челична греда која излетала од камионот пред него и се зарила преку ветробранот на неговиот автомобил. Возачот возел во близината на Сан Хозе, Калифорнија, кога челичната греда се разлабавила, излетала и удрила на патот, по што се одбила и се зарила директно во ветробранот на црното БМВ.
Пожарникарите коишто притекле на помош изјавиле дека тој се извлекол само со гребнатинка. Тие на својот Твитер профил ја објавиле фотографијата од незгодата со коментар: „Секогаш внимавајте на вашата околина.“
Возачот успеал да запре на страна од патот и поминал само со гребаница на неговата рака. „Ако возачот се наоѓал само малку на десно, челичната греда ќе го прободела“, вели Кристофер Салкидо, портпарол на обласната пожарникарска служба.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!