Фотографија од рекацијата на таткото по раѓањето на неговиот син во Балнеарио Камбориу, на северниот брег на Санта Катарина, Бразил почна да се шири по социјалните мрежи.
Но, „храброста“ на таткото не е она што исто така ги насмеа луѓето. Реакцијата на мајката е исто така непроценлива.
Момчето е второ дете на брачниот пар, Маријана Рејзер и Дујлеу Едмилсон Куто. Синот требал да се роди наредната недела но пристигнал малку порано и таткото сакал да присуствува на породувањето. Но, сепак храброста го издала и човекот се онесвестил.
Кога го видела тоа неговата сопруга едноставно не можела да престане да се смее иако таа е онаа која чувствувала вистинска болка во моментот.
Тие најмиле и фотограф да го сними магичниот момент кој се претворил во прилично комичен момент. По мајката и присутните медицински лица почнале да му се смеат на Дујлеу.