Многу богат и познат бизнисмен од Јапонија немал уши, но слушнал. Еден ден во канцеларијата му пристигнале Англичанец, Французин и Македонец за склучување на договори.
Прв влегол Англичанецот и рекол:
– Хиии!
– Зошто „хиии“? – Прашал Јапонецот.
– Мислам дека костумот ви е британска изработка…
– Да, точно. Имаме договор!
Потоа влегол Французинот:
– Ууооо!
– Зошто „ууооо“? – Прашал бизнисменот.
– Осетив дека парфемот ви е француски…
– Да, точно. Имаме договор!
Последен влегува Македонецот:
– Ииаауу!
– Што е бе? – Прашал Јапонецот.
– Вашите очи…
– Што за моите очи? Носам леќи!
– Па секако дека ќе носиш, кога немаш уши да си ставаш очила!