Насредин-оџа се појавил во дворецот на султанот со прекрасен турбан, за да побара пари за сиромашните.
„Дојде да ме молиш за пари и носиш толку скапи работи на главата. Колку чини овој величествен турбан?“, Прашал Султанот.
„Мојот подарок е од многу богат човек. И неговата цена, колку што знам, е петстотини златници “, одговорил Насредин-оџа.
Везирот промрморел:
„Ова е лага. Нема турбан што чини толку многу!“
Насредин-оџа рекол:
„Не дојдов тука само за да молам. Дојдов да тргувам. Знам дека има само еден владетел во светот кој може да го купи за 600 златници. Мојата добивка ќе им ја дадам на сиромашните и така ќе се зголеми потребната донација.“
Султанот бил поласкан и му дал на Насредин-оџа 600 златници. Кога излегувал Насредин-оџа му шепнал на везирот:
„Везирот можебие знае колку чини еден турбан, но јас знам колку чини човечката суета.“