Социјалните мрежи наметнуваат стандарди за убавина, кои се далеку од природните човечки размери: премногу мали носеви, претерано обемни усни, остри јаболчници и сè друго што ви овозможува да изгледате поволно на фотографијата.
Не е изненадувачки што луѓето што сакаат да се придржуваат кон однапред поставени канони се одлучуваат за радикални промени со закажување состанок со козметолози и пластични хирурзи. Но, патот за претворање во „инстатутка“ бара многу не само време, туку и пари. Колку точно? Одговорот ќе го најдете во статијата.
Нос како Анџелина Џоли
Цената на новиот нос зависи од желбите на клиентот и од изворниот материјал со кој хирургот ќе работи. Но, оние кои сакаат лице „како девојки на Инстаграм“, веројатно нема да се ограничат на лесна корекција, па на крајот вреди да се размисли за целосната цена на операцијата (со промена на формата на ‘рскавицата и коските). Ваква операција би чинела околу 3.000 долари.
Усни како Кајли Џенер
Цените за филери варираат во различни земји и се зависи и од големината која е посакувана. Но, доколку сакате усни како Кајли во САД оваа корекција ќе чини околу 1.400 долари.
Јаболчици како Ким Кардашијан
Цената на имплантацијата започнува од 2.000 долари. Сепак, можете да го создадете саканиот волумен со помош на инјекции, како што е случајот со зголемувањето на усните. Ова во САД би чинело околу 1.250 долари.
Очите на Бела Хадид
Ако имате намера да создадете слика на „девојка од Инстаграм“, потребна е блефаропластика, дури и ако сте многу млади. Операцијата на очните капаци ќе ви помогне да ги отворите очите и да му дадете на окото закосена форма. И можете дополнително да ги кренете веѓите со помош на инјекции со ботокс. Во Соединетите држави таквата операција ќе чини повеќе од 3.200 долари, а кај нас би било поевтино.
Брадата на Бијонсе
За да ги усогласите новите карактеристики на лицето, ќе ви треба нова брадат поиздолжена и малку понапред. Имплантациите чинат од 3.000.
Забите како Блејк Лајвли
И, конечно – совршена насмевка што може да ја добиете благодарение на навлаките. Нивната цена започнува од 250 долари, а доколку сакате да ги средите забите само во зоната на насмевката, тогаш постапката ќе чини околу 2.500 долари.
Конечните бројки и која од девојките на фотографиите е Ким Кардашијан?
Ако ги додадете сите суми, излегува дека цената на лицето на „инстатутка“ започнува од 13.000 долари. Денес премногу внимание се посветува на изгледот и понекогаш станува мерка за успех. И неможноста да се придржуваат до модерните стандарди и покрај фактот дека тие се нереални, честопати се смета како личен неуспех, што доведува до разни видови нарушувања.
Точен одговор: меѓу овие четири девојки ја нема Ким, тие само ги прилагодиле нивните карактеристики на лицето според модните трендови.