Како и сите Американци, и претседателот на САД мора да патува. За разлика од другите граѓани на Америка, превозното средство на Барак Обама е вистинска тврдина на четири тркала изработена од челик, алуминиум, титаниум и керамика. На предниот дел се вградени топови со солзавец и камера со ноќно гледање, со оклоп од секаде, способна е да издржи и биохемиски напад. Колата е наречена „Ѕвер“, а има и зошто.

ѕв01

„Ѕверот е долг  5.5 m и висок 1.7 m.”

ѕв02

„Ѕверот“ насекаде патува со претседателот Обама и секогаш е стратешки паркиран за да создаде препрека помеѓу Обама и насобраниот народ. Технологијата зад прозорците дебели 12 cm отпорни на куршуми е строго доверлива тајна. Тежината на автомобилот е исто така доверлива тајна.“

ѕв03

Кабината е херметички затворена во случај на биохемиски напад. Гумите засилени со кевлар се отпорни на пробивање.

ѕв04

Кога се наоѓа во странство е изложено американското знаме и знамето на земјата домаќин. На предниот дел се скриени топови со солзавез и камера со ноќно гледање.

ѕв05

Се отвора само прозорецот на возачот, и тоа само 7 cm. Ако пукнат гумите, челичните бандажи овозможуваат колата да продолжи да се движи.

ѕв06

Армираните врати дебели 20 cm се тешки колку кабинската врата на Боинг 757.

ѕв07

Колата е подвижна тврдина направена од челик, алуминиум, титаниум и керамика. На долниот дел од колата е вградена челична плоча како заштита од бомби и гранати.

ѕв08

Вградениот сателитски телефон има директна врска со потпретседателот и со Пентагон.

Сподели на Facebook
пати видено