Тренерот на Мексико, Хуан Карлос Осорио, не жонглирал само фудбалски топки туку и со жени минатиот понеделник, кога неговиот тим беше елиминиран од Светското првенство, по поразот од Бразил.
Поранешниот фудбалер и менаџер, наводно, без срам ја донел и неговата сопруга и љубовницата на натпреварот.
56-годишниот татко на две деца има вонбрачна врска со 30-годишната спортска новинарка Маријана Закаријас, веќе две години. Маријана е забележана на натпреварот како и неговата сопруга, Џулиет Осорио Кебалос, со нивните синови Хуан Себастијан и Серхио.
Извор близок до тренерот изјавил дела умот на Хуан е премногу окупиран во последно време и ја обвинил неговата љубовна афера за таа „деконцентрација“.
Тој вели: „ Тој секогаш велеше дека има сѐ под контрола, дека може да биде со неговата сопруга, со својата љубовница и со тимот, иако откако е со девојката многу е расеан.“
Исто така изворот вели дека неговата сопруга знае за аферата и дека секогаш знае каде се наоѓа Маријана. Многу луѓе јавно ја критикуваа „дрскоста“ на Хуан.