Хенри Алингам доживеал 113 години. Се родил во 1896 во североисточен Лондон. Неговиот живот се протегал преку три века, шест различни монарси, на шеесет и седумгодишна возраст го видел атентатот врз Кенеди и имал седумдесет и три години кога Армстронг чекорел по месечината.

Тој беше најстариот човек во светот, а својата долговечност им ја припишуваше на „цигари, виски и диви, диви жени.“

„Не знам дали некоја тајна, но од витално значење е да го живеете животот во рамките на вашите можности. Имав две големи кризи, еднаш за време на војната и една потоа, но и во двата случаи се трудев да работам како за тројца. Трикот е во тоа да се грижите за себе и да ги знаете границите на вашите можности.“

Henry-Allingham-in-2008-001

Хенри бил војник во Првата светска војна. Се пријавил во 1915г. на возраст од деветнаесет години. Кога почина, беше последниот од членовите основачи на РАФ (Кралските воздухопловни сили). Но, и покрај сите тие воени приказни, сѐ што имаше да каже за тоа беше „Војната е глупава. Никој не победува.“

Кога починал, не страдал од заборавност, немал ниту траг од Алцхајмерова болест, и бил во релативно добра состојба. Не е лошо за човек кој се сеќава на потонувањето на Титаник.

„Како живеев толку долго? Никогаш не се нервирав. Во дваесеттите милиони останаа без работа. Никаде не можевте да најдете работа. Јас не се грижев. Не се грижам ни сега“, вели тој. „Возев велосипед по Ротен Роу еден ден, кога го видов Џорџ V како доаѓа отспротива на својот коњ. Ја симнав капата, а кралот Џорџ го спотера својот коњ. И јас кажав, `Дај ми некаква работа, господине, ќе сторам сѐ за тебе.` Но зборовите ми се изгубија во тропотот на копитата.“

„Веќе не сум детето кое бев некогаш, но сѐ уште се снаоѓам. Самите си ја правите среќата, без разлика на која возраст сте. Да се гледа на посмешната страна од животот е полезно, а јас секогаш имав чувство за хумор. Луѓето ме прашуваат, која е тајната на долговечниот живот? Не знам.“

Сподели на Facebook
пати видено