Научниците конечно одговорија на старото прашање кое ги мачи мажите низ целата историја: што се смета за „нормална“ големина на пенисот?
Еве ги фактите: според анализата на 15.000 мажи од целиот свет, при состојба на ерекција просечниот пенис е долг 13.12cm и 11.6 сантиметри во обем. Во нееректирана состојба, должината на просечниот пенис изнесува 9.16cm, а обемот изнесува 9.31cm.
Според британското истражување, големината на пенисот вообичаено нема никаква врска со висината на човекот. Истражувачите велат дека графикот кој е резултат на нивното истражување ќе им помогне на психолозите при справувањето со психичкото нарушување познато како дисморфофобија, коешто е сериозно нарушување поврзано со претставата која погодената личност ја има за своето тело. Истражувањето исто така може да помогне при советувањето на мажите кои се загрижени за нивната големина како и за истражувањата за поврзаноста на дефективноста на кондомите со должината и дебелината на пенисот.
Многу мажи се загрижени за големината на нивниот пенис, при што потешките случаи веројатно се погодени од гореспомнатото психичко нарушување, веројатно без воопшто и да се свесни за тоа. Пред ова истражување не било извршено формално и официјално проучување во врска со ова прашање.
Водечкиот автор на истражувањето, д-р Дејвид Вил од институтот за психијатрија, психологија и неврологија при кралскиот колеџ во Лондон изјавил:
„Мажите се споредуваат себеси со порнографијата на интернет и веруваат дека се инфериорни во тој поглед. Некои мажи пак биле задевани и од нивниот сексуален партнер во врска со нивната големина. Веројатно има многу мажи коишто се загрижени во поглед на ова прашање – па така мислиме дека уверувањето дека спаѓаат во опсегот на нормалните димензии може да помогне. Но, на некои веројатно нема да може да им помогне само графикот, како мерило за споредба, туку веројатно ќе им биде потребна и когнитивна бихејвиористичка терапија во комбинација со лекарства.
Д-р Мартин Бегали објаснува:
„Дисморфофобијата причинува погодената личност да има искривена претстава за нејзиниот изглед и може помине долго време опсесивно грижејќи се за тоа. Тука спаѓа грижата за нивната тежина, определени делови од нивното тело, а кај мажите особено е честа загриженоста за големината на нивниот пенис. Тоа може да ја превземе контролата врз нивниот живот и да предизвика голем стрес.“
Резултатите од ова истражување се објавени во Британскиот журнал за урологија.