Се срќаваат двајца стари пријатели. Едниот весел, полн со живот, а другиот очаен, мрачен.
– Пријателе, како успеваш во вакви тешки времиња постојано да си весел?
– Играм лото, секоја недела си пишувам по едно ливче и почнувам да си мислам кога ќе добијам седмица што ќе си купам, како ќе ја изненадам жената, децата… Пробај, ќе ти помогне и тебе да заборавиш на проблемите. Ти треба само една искра во паметот, за да пламне оганче.
Пријателот го послушал и уплатил и тој едно лото ливче. И навистина чудото се случило. Почнал да си замислува како ќе се врати дома со огромен букет за жена си, со огромни подароци за децата и без да сака почнал дури и да се насмевнува. Дури и си свиркал тивко.
Жена му ја забележала промената и сомнително го запрашала:
– На што се должи тоа твое убаво расположение?
– Ех жено, сега ќе ти кажам. Веќе неколку дена имам една искра во паметот…
Жената го прекинала со олеснителна воздишка:
– Е, кога сме веќе кај таа тема. Веќе една година јас имам еден Перо.