Вселенските фотографии откриле повеќе од 260 облици во пуста степа во северен Казахстан, меѓу кои свастика и крст. Се верува дека овие мистериозни обрасци се стари најмалку 8000 години и нивната големина се движи од 50 до 400 метри.

Ваквите облици се познати како геоглифи и истражувачите веруваат дека тие би можеле да откријат детали за древните ритуали во областа, но до сега процесот за дешифрирање на формите оди доста бавно.

НАСА објави јасни фотографии на некои од геоглифите снимени од височина од 692 километри со надеж дека процесот на нивно дешифрирање ќе се забрза.

гл01

Овие форми во Тургаи, Казахстан, за првпат биле забележани на Google Earth во 2007 година од казахстанскиот економист Дмитри Деј, како што известува Њујорк Тајмс. Тие се создадени во земјени насипи високи само 1 метар и широки 9 метри. Научниците ги отфрлуваат теориите дека тие биле создадени од вонземјани или од нацистите. Деј верува дека тие биле градени како „хоризонтални опсерватории за да го следат движењето на сонцето на ист начин како што тоа го правеле во Стонхенџ.“ Една од најголемите од овие структури е квадрат од 101 кренати насипи на којшто аглите му се поврзани со дијагонален крст. Друга структура личи на свастика.

гл02

Иако тој симбол сега се поврзува со нацистите, всушност тој бил древен симбол употребуван повеќе од 3000 години кој симболизирал просперитет и моќ. На пример, во индо-европската култура свастиката се исцртувала на делови од телото на луето за да имаат добра среќа. Самиот збор „свастика“ потекнува од Санскрит и значи „да се биде добро“.

Ова не е најстарата најдена свастика. Најраниот предмет со мотиви на свастика е птица направена од коска на мамут во палеолитска населба во Мезин, Украина, датирана 10.000 години пр.н.е.

гл03

По наоѓањето на геоглифите на Google Earth, археолозите од универзитетот во Костанај, Казахстан и универзитетот во Вилниус, Литванија, се нашле на лице место употребувајќи радар за да дознаат повеќе за структурите. По првичните ископувања биле најдени остатоци од древни структури и огништа, кои посочуваат дека тие места биле употребувани за обредни ритуали.

гл04 гл05 гл06 гл07 гл08 гл09  гл11

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено