Некој спие на страна, друг на стомак, трет на грб – секој си има своја омилена положба и некој свој ритуал во спиењето. На пример, Леонардо да Винчи на секои четири часа дремнувал по дваесет минути за да ги наполни своите интелектуални батерии, а Чарлс Дикенс спиел свртен кон север бидејќи верувал дека тоа ја подобрува неговата креативност. Повеќето од нас ги немаат ексцентричните навики на спиење како Мараја Кери, која себеси се опкружува со 15 навлажнувачи на воздухот, но и малите суптилности во поглед на начинот на кој спиеме вели многу за тоа кои сме на ист начин на кој тоа го кажува нашата омилена музика, боја или какви животни одлуки носиме.

sn01

Дали имате некаква посебна положба на која спиете? Споредете ја со следниве примери, и ако се пронајдете, прочитајте што вели тоа за вашата личност.

Трупец (испружена положба на страна)

sn02

Иако оваа положба изгледа како неудобна и крута, луѓето кои спијат вака се сѐ, само не и крути. Овие луѓе се многу друштвени и опуштени. Иако сакаат да се дружат со секакви луѓе, сепак по малку се и елитисти. Многу се доверливи, што понекогаш ги прави и по малку лековерни.

Копнежлива положба

sn03

Оваа положба е слична на претходната, со таа разлика што рацете се испружени како да копнеат да гушнат некого. Проучувањата велат дека ваквите луѓе вообичаено се многу отворени и срдечни. Сепак, знаат да бидат и доста сомничави и цинични. Кога станува збор за донесувањето на решенија, бавни се како желки, но штом еднаш ќе донесат решение, тврдоглави се како магаре во поглед на промената на истото.

Војничка положба (спиење на грб)

sn04

Луѓето кои спијат на овој начин вообичаено се силни и тивки личности кои не сакаат многу бркотници. Тие се многу организирани и себеси се сфаќаат сериозно, како и луѓето околу нив. Ова значи и дека имаат високи очекувања од себеси и другите. Се разбира, спиењето на грб носи и `рчење.

Слободен паѓач

sn05

Овој спијач спие како да паѓа, на стомак и со рацете околу перницата. Овие личности се слободни, друштвени и игриви. Но, знаат да бидат и напорни, а исто така длабоко во себе кријат вознемиреност и сакаат да имаат контрола врз нештата и луѓето. Иако не се плашат од ризици, изненадувачки се чувствителни на критиките.

Морска ѕвезда

sn06

Луѓето кои спијат во оваа невообичаена положба се лојани другари и пријателството претставува значаен дел од нивните животи. Сакаат да им помагаат на пријателите секогаш кога ќе можат. Ако ја погледнете положбата на која спијат, ова има логика, бидејќи истата е многу отворена и со рацете како да посегнуваат кон прегратка.

Положба на фетус

sn07

Според специјалистот за здрав сон, д-р Крис Иѕиковски, 41 отсто од луѓето во светот спијат во ваква положба. Доколку и вие спиете на овој начин, тогаш има големи изгледи дека со вашата надворешност зрачите цврстина и решителност, но одвнатре сте многу срамежливи и чувствителни. Ваквите луѓе исто така понекогаш премногу ги анализираат проблемите и непотребно се грижат.

Сподели на Facebook
пати видено