Смртта е неминовна за секое човечко суштество и секој од нас се бои од неа. Кога станува збор за стравот од смртта, луѓето најмногу се плашат од долгото и болно умирање, па кога би можеле да бираат, повеќето луѓе би избрале да умрат мирно во сон. Сепак, низ историјата на човечкиот род имало случаи на страшни методи на погубување. Еве кои се петте најужасни начини на кои еден човек би можел да умре.
1. Електричен стол
Дали некогаш сте се запрашале како изгледа да се умре на електричен стол? За почеток, на осуденикот му се бричи главата и дел од нозете, вообичаено кај глуждот, што ја намалува отпорноста на електрицитет. Потоа осуденикот се врзува за столот, вообичаено преку градите и нозете, а на главата му се става метална капа со електроди, при што претходно преку главата му се навлекува навлажнет сунѓер.
Која е точната причина за смртта на осуденикот не е сосема познато. Спроведените истражувања покажуваат дека смртта настапува како последица на гушење и срцев удар, а целиот нервен систем е парализиран. Телото се грчи, при што осуденикот најчесто ги празни цревата. За време на погубувањето од телото испарува, а понекогаш му потекува и зовриената крв. Телото се загрева до таа мера што месото паѓа од телото само на допир. Под електродите вообичаено се забележуваат изгореници од трет и четврти степен.
„Се случува да испаднат и очите“, велат сведоците. „Потекува и крв бидејќи ткивото наеднаш се шири како последица на загревањето. Ужасно е, изгледа како телото да се пече на ражен.“
2. Распнување на крст
Станува збор за древна метода на мачење која најчесто се применувала за време на Римската империја како еден од најболните и најсрамните начини на умирање и со тоа се сметало за најстрашна казна која може да го снајде човек. Во тоа време распнувањето на крст било иновација во мачењето – бидејќи умирањето можело да се продолжи поради специфичниот начин на мачењето и положбата на телото. Неретко осудениците добивале и опојна напивка која им овозможувала да можат самите да си го донесат крстот до местото на распнувањето и да не умрат пред самиот чин.
Жртвите биле врзувани или заковани со клинови на голем дрвен крст и оставени така да висат сѐ додека не умрат. Поради положбата на телото се исчашувале рамењата, па често се случувало жртвата да умре како последица на загушување. Сепак, повеќето со денови би страдале гладни, жедни и облеани во крв и болки, додека околу нив летат инсекти, па дури и мршојадци.
3. Глад
Ваквиот начин на умирање донесува огромна агонија, а во просек се потребни околу осум и дванаесет седмици за некој да умре како последица на изгладнување. Откако телото ќе ги потроши масните резерви, почнува да ги троши мускулите, а потоа и внатрешните органи. Мускулната атрофија е проследена со неверојатни болки, а процесот на умирање е најдолготрајниот кој може да се случи.
4. Оган
Ако треба да се бира меѓу смрзнување и согорување, подобро би било да се избере смрзнување. Да се изгори жив е еден од најужасните можни начини да се умре. Првин жешкиот чад и огнот ги печат дишните органи, а потоа се јавува неподнослива болка во процесот на горење на кожата.
5. Скарфизам
Една од најбруталните методи на измачување и погубување. Справата за мачење личела на чамец во кој човекот бил ставан гол, откако претходно бил натеран да пие мед и млеко, а потоа бил и премачкан со мед по целото тело. Ова го правеле за жртвата да добие пролив, што привлекувало безброј муви и други бубачки. При сето ова, човекот не можел ниту да мрдне, бидејќи и рацете и нозете му биле врзани за чамецот.
Со посебно внимание би му ги намачкувале очите, ушите, гениталиите и анусот за на тие места да се насоберат најмногу инсекти, кои се хранеле со неговото живо месо сѐ додека жртвата не умрела по неколку дена најстрашни маки.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!