Трошоците за образование значително се разликуваат меѓу земјите, како што објави Организацијата за економска соработка и развој (OECD). Процентот на јавни расходи што е наменет за образовниот систем се проширува во последниве години, а просекот на OECD моментално изнесува 12,9% од вкупните јавни трошоци.
Нов Зеланд всушност е на врвот на скалата – 21,6% од вкупните јавни расходи во земјата се посветени на образованието. Мексико не е далеку зад нив со 20,5%. Работите се слични во Бразил, каде што забележлив дел од јавните финансии, 19,2%, се трошат на образовниот систем. Таа бројка изнесува 13,6% за САД и 12,2% за Велика Британија. Италија, пак, малку заостанува со 8,6%.
Во Буџетот на Република Македонија, за 2018 година, би требало да бидат одвоени 11 проценти од вкупните расходи за образование, наука и спорт, што ќе каже дека со Германија сме на исто ниво, само што нашето е многу назад од нивното и треба многу повеќе да се инвестира ако сакаме да се приближиме.
Погледнете ги информациите подолу: