Оваа листа не засега нас и други балкански земји, можеби не сме најевтините но сме на одлично место на оваа ранг листа (ако заборавиме на цените за Супер Купот). Инвестициско-консултантска група Мерсер неодамна го објави истражувањето „Трошоци за живот“, кое ги демаскираше 17-те најевтини градови за живот во целиот свет. Тие можеа да ги одредат резултатите со испитување на валутни флуктуации и општата инфлација на основните стоки и што е најважно, цената која градовите ја „бараат“ за преселување и купување имот од страна на новите жители.

17. Белград, Србија

Зошто е евтин? Можеби е поради вкусната храна, но и слабата економија.

16. Калкута, Индија

Зошто е евтин? Сиромаштијата е главната причина зошто овој град има толку ниски цени.

15. Сараево, Босна и Херцеговина

Зошто е евтин? Како и кај повеќето земји од овој регион слабата економија го направила своето, но позитивно е што е одлично место за живот за оние кои бараат евтино сместување.

14. Алмати, Казахстан

Зошто е евтин? Благодарение на структурно силниот финансиски сектор (што значи многу добро платени работни места), Алмати сам генерира 20% од приходите на целата земја.

13. Монтереј, Мексико

Зошто е евтин? Очигледно евтиното се форсира во овој град и никој не се стреми да биде супер-богат. Зошто? Извештајот за квалитетот на животот Мерсер од 2006 година укажува на тоа.

12. Тбилиси, Грузија

Зошто е евтин? Туристите не го сакаат тоа. Да навистина. Ох, и исто така Грузија е една од најбезбедните земји во светот.

11. Скопје, Македонија

Зошто е евтин? Кога нема најава за туристи Скопје може да биде едно од најевтините места за живот. За жал според истражувањето ниските цени се должат на високата стапка на невработеност, со што трошоците за живот се намалуваат.

10. Лусака, Замбија

Зошто е евтин? Популацијата што не надминува два милиони помага да се намалат сите главни трошоци.

9. Габороне, Боцвана

Зошто е евтин? Тој е во подем благодарение на финансиите, но растот е генерално бавен, што значи дека засега цените се сеуште прилично ниски.

8. Карачи, Пакистан

Зошто е евтин? Високата стапка на насилство и нечиста вода се пиење се главните причини.

7. Тунис, Тунис

Зошто е евтин? Градот се шири кон предградијата, но цените уште не се зафатени со големиот туристички бум.

6. Минск, Белорусија

Зошто е евтин? Исто како и Тунис, економијата цвета но не и цените.

5. Јоханесбург, Јужна Африка

Зошто е евтин? Градот е познат по високата стапка на криминал и убиства.

4. Блантире, Малави

Зошто е евтин? И покрај тоа што економијата се развива оваа место останува евтино затоа што не е доволно „масовно познато“.

3. Бишкек, Киргистан

Зошто е евтин? Турбулентните соседи на земјата ги бркаат туристите.

2. Кејптаун, Јужна Африка

Зошто е евтин? Колку и да е убаво оваа место високата стапка на криминал ги спречува луѓето да живеат тука.

1. Виндхук, Намибија

Зошто е евтин? Само 322.500 луѓе живеат во овој дел од светот. Малата популација би можела да ги објасни ниските трошоци за живеење.

Сподели на Facebook
пати видено