Сите ќе умреме. Идеално би било тоа да се случи од старост или од срцев удар предизвикан од премногу секс, но има и такви ситуации во кои луѓето умираат од суровата рака на Универзумот, кој што потрошил дел од своето ценето време да смисли болен, мачен, неверојатно смртоносен начин само за вас. За среќа не секоја смртоносна ситуација завршува со фатални последици, има примери за луѓе со неверојатна среќа кои добро ја клоцнале смртта и извлекле жива глава.
Летала со параглајдер решила да дремне во горните слоеви од атмосферата
Во февруари, 2007 година Ева Виснерска од Германија била вовлечена во бура во Австралија. Еден ден пред тоа починал маж од Кина со параглајдер во иста таква бура. Бурата ја кренала Ева на 760 метри и продолжила да ја носи, 20 метри во секунда. На 900 метри кожата и замрзнала, како и очилата и облеката. Кога стигнала на височина од 6.000 метри таа се онесвестила поради недостаток на кислород. Рекордот за највисоко кревање со параглајдер било 7.300 метри а Ева стигнала и над 9.000 метри со што ја надминала и висината на Монт Еверест. На 9.700 метри бурата се откажала и Ева се разбудила од нејзината „свежа“ дремка на 7.000 метри и сфатила дека поради смрзнатите раце не може да управува со параглајдерот, затоа решила да продолжи да „јава“ на бурата се додека не слетала сосема безбедно. Освен модринки и смрзнати делови од телото Ева зачудувачки била сосема добро.
Куршум во главата не е ништо за вистински војник
Битката во Тенеси за време на Граѓанската војна била вториот најголем пораз за Унијата по Гетисбург, со околу 36.000 жртви. Една од тие жртви требало да биде и Џејкоб Милер, кој добил куршум во челото од непријателот. Неговите соборници го оставиле, затоа што не знаеле дека за да му пројде маката од куршумот Милер треба само малку да поспие. Кога тој се разбудил, со нова дупка во челото, тргнал по патот, но по грешка се нашол на борбеното поле на непријателот па морал пешки да мине на другата страна. Затоа што униформата му била прекриена со крв непријателите не го препознале. Кога стигнал на страна на Унијата бил однесе во болница за да му го извадат куршумот, но докторот рекол дека секако ќе умре затоа што ќе мора да го остават, поради тоа што не можел да оди и да се бори. Но Милер немал никаква намера да умре затоа продолжил да маршира со батаљонот. 9 месеци по инцидентот докторите конечно решиле да му го извадат целосно куршумот, но пак не успеале, останале неколку ситни делови, но затоа Џејкоб Милер живеел уште 30 години.
Човек со лактите избегал од водениот гроб
На почетокот на 2017 година Џејк Гаров го чистел снегот од патиштата на Онтарио, Канада, кога погодил тенок мраз и паднал заедно со неговиот чистач во замрзнатите длабочини. Ова не е нешто зачудувачко, бројот на жртвите во Онтарио во вакви случаи е депресивно голем. Откако пропаднал 30 метри во езерото тој се обидел да ги отвори вратите но не можел затоа со лактите го скршил стаклото и испливал на површината. Но како ова да не е доволно тој морал да оди мокар и смрзнат 1,5 километар за да стигне до главниот пат, каде што морал да чека затоа што никој не сакал да застане да му помогне. Најпосле застанал еден од неговите колеги и го однел во болница.
Катастрофално слетување на вселенско летало
Во 1969 година космонаутот од Русија Борис Волјнов се враќал кон Земјата со леталото Сојуз 5. Тој требал да ги остави неговите колеги космонаути на друг брод но кога требал да го откачи леталото од тој брод, леталото се превртело. Леталото има заштитен слој од напред, но сега Борис се враќал од обратна страна и таму заштитата е многу помала. Исто така гравитацијата во леталото станала 9 пати посилна од таа на Земјата и тој не можел да направи ништо. Но тој со последните сили некако успеал да го преврти леталото, но сега контролите за слетување не функционирале, леталото паднало како метеор. За чудо Борис останал жив со неколку скршени коски и заби, но постои нов проблем тој се срушил на планината Урал и температурата била длабоко под нулата. Спасувачите не очекувале да го најдат жив но кога стигнале на местото на несреќата по неколку часа го пронашле леталото празно и трага од човечки стапки кои воделе до колиба. Тамо Борис седел и се топлел на огнот заедно со еден селанец. Тој само ги прашал „ Дали ми е седа косата?“ Најверојатно наредниот пат на колегите ќе им каже да си земат такси.
Научници биле сведоци на ерупција на вулкан… внатре во вулканот
Во јануари 1993 година група од научници од 15 различни земји се собрале во Колумбија за да се спуштат во вулканот Галерас на длабочина од 2.700 метри. Вулканот можел да експлодира пред да започнат со работа, но тој сакал да биде драматичен и ги фатил научниците на пауза. Во големата ерупција од чад и пепел 9 од 16те научници биле претворени во пепел а останатите биле исфрлени во облаците. Водачот на експедицијата бил најблиску до лавата но некако бил само исфрлен од моќта на ерупцијата и кога помислил дека се спасил голем камен му паднал врз нозете. Останатите преживеани членови исто така имале сериозни повреди, така што на еден од нив морале да му отстранат дел од мозокот затоа што имал премногу парчиња од черепот во него.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.