Еден постар патник за време на 14-часовниот лет од Кина до САД се пожалил на персоналот дека не му е добро. Тие веднаш почнале да прашуваат дали има лекар во авионот кој ќе може да му помогне. Др Жанг Хонг, 55-годишен васкуларен хирург, веднаш се пријавил да помогне, а во авионот имало и уште еден лекар Др Жао, кој исто така помагал во ситуацијата.
Откако семејството на 70-годишниот патник му раскажало на Жанг дека тој страда од зголемување на простатата и дека не може да ја исфрли урината, лекарот решил да состави „инструмент“ од работите кои ги имало во авионот. Медицинската алатка била направена од маска за кислород, медицинска игра и пластични цевки. Методот не успеал заради недостаток на воздушен притисок.
Затоа Жанг се одлучил да направи нешто што не би го направиле многу луѓе. Тој знаел дека наскоро пациентот ќе падне во шок и побарал од персоналот да му донесат чашка. Херојот почнал да ја цица урината и со устата да ја пренесува во чашата. На овој начин успеал да го ослободи човекот од 800 милилитри токсична течност. Пациентот преостанатите 5 часа од летот ги поминал лежејќи и безбедно слетал во САД.
Жанг бил многу скромен кога луѓето почнале да го фалат неговото херојско дело, тој изјавил: „Ние навистина немавме други решенија во тој момент и јас не размислував многу. Само сакав да му помогнам да ја ослободи урината заглавена во мочниот меур. Спасување на луѓе е основна должност на лекар.“