За сите мажи и жени кои не можат да излезат од своите фармерки на пазарот има нов „производ“ кој ќе им овозможи и во летните жешки денови да го носат својот омилен дезен.
Овие костими за капење не се изработени од вистински тексас, но делуваат како такви и со сигурност нема да поминете незабележани во нив, особено со машката верзија.