33-годишната Ирина Кова од Москва отсекогаш сакала да работи во Лондон. Таа е млада, убава, има диплома по право од Московскиот државен универзитет и, се чини, сите британски работодавци ќе ја примат со широко раширени раце, но тоа не се случило. Ирина цело време ја одбивале, а причината бил нејзиниот изглед.
Еден директор, кој конечно ја примил на работа, ѝ препорачал да изгледа помалку „атрактивно“ и таа го послушала. Престанала да се шминка, да носи високи потпетици, се облекувала строго деловно. Но, ни тоа не помогнало. Коментарите од колегите и критиките на претпоставените ја принудиле да си даде отказ.
„Ми се чини дека овој човек сакаше сите во неговата канцеларија да бидат исти еден со друг – со хипотека и три деца. Со свои зборови, тој едноставно потврди дека сум премногу спектакуларна“, се жали Ирина.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.