Џек Ма, или Ма Јун, како што е неговото кинеско име, е кинески магнат и филантроп. Тој е основач на компанијата Алибаба, група од успешни интернет бизниси. Тој е најбогатиот човек во Кина, првиот Кинез кој бил прикажан на насловната страница на списанието „Форбс“, но дали сѐ му одело така мазно во животот?
Погледнете во видеото кое следува за тоа колку пати бил одбиван кога аплицирал за работа и кога сакал да се запише на факултет, но воден од желбата да успее и не сакајќи да го напушти својот сон, станал тоа што е, најбогат човек во Кина и основач на една од најголемите интернет компании во светот. Еве ги неговите 10 правила за успех:
1. Навикнете се на одбивање
2. Одржувајте го жив вашиот сон
3. Фокусирајте се на културата
4. Игнорирајте ги ситнодушните
5. Инспирирајте се
6. Останете фокусирани
7. Смислете добро име
8. Клиентот е секогаш бр. 1
9. Не жалете се, туку барајте можности
10. Имајте страст