Роналд Рид, чистач и одржувач на бензинска станица во Вермонт, минатата година починал на 92-годишна возраст. Но, никој немал поим што оставил зад себе, се до сега. Повеќето луѓе го знаеле Рид како тивок и скромен човек, и никој не знаел колку добро се погрижил за своите финансии во текот на животот. Возел половна Тојота Јарис, а слободното време го трошел на собирање отпадно дрво за огрев.

Жителите на Братлборо, Вермонт, откриле за неговата „мала“ тајна која поголем дел од неговиот имот им бил доделен на локалната библиотека и локалната болница.

102405396-read.530x298

Меморијалната библиотека „Брукс“ и Меморијалната болница на Братлборо ги примиле најголемите донации до сега. Библиотеката добила 1.2, а болницата 4.8 милиони долари.

„Никогаш не би претпоставиле дека овој човек е милионер“, вели Лори Ровел, неговиот адвокат. „Кога последен пат беше тука, колата ја беше паркирал подалеку, на место кадешто нема да му наплатат за паркирање и така да заштеди неколку парички“.

Најголемиот луксуз на Рид бил секој ден да појадува во локална кафетерија. Еднаш се обидел да си ја плати сметката, но дознал дека веќе била платена од некој кој мислел дека нема пари да си го плати појадокот.

„Тоа беше гром од ведро небо“, изјавил Џери Карбон, извршниот директор на библиотеката. „Со оглед на тоа дека беше самоук човек, тој беше свесен за тоа како библиотеката може да ги менува луѓето и што сѐ може да направи за нив.“

Сподели на Facebook
пати видено