Запознајте се со Џон Брамбит. Откако претрпел епилепсија на 11-годишна возраст, Џон, кој од секогаш ја сакал уметноста, целосно го загубил видот на триесетгодишна возраст, по што потонал во длабока депресија.

sl01

„Сите надежи и сништа кои ги имав за мојот живот, сите планови за тоа што ќе правам кога ќе матурирам, сето тоа исчезна. Не само што бев во депресија, туку длабоко тагував. Животот кој го имав, како и иднината која ја планирав беа мртви засекогаш. Се чувствував како да немам никаков потенцијал, дека во основа сум нула.“

Во најниската точка на неговиот живот, Џон одлучил одново да научи како да црта и слика, и така развил нова техника со помош на која ќе може да создава уметност и покрај неговото слепило.Техника која му овозможува да создава слики од кои запира здивот, особено кога ќе слушнете дека ги насликал слеп човек.

Џон се ориентира на платното со помош на текстурирани бои. „Практично сѐ што за вообичаениот уметник претставуваат очите, јас го заменив со моето сетило за допир. Кренатите линии ми помагаат да знам како да се снајдам на платното. Сите шишиња и туби со боја се означени со Брајловата азбука, и кога ги мешам боите се раководам според рецепти, на ист начин како што би мешале состојки за торта“.

Навистина прекрасен пример за победа на човечката волја и пример за секој од нас.

sl02

sl03

sl04

sl05

sl06

sl07

sl09

sl10

sl11

sl12

sl13

sl14

sl15

sl16

sl17

sl18

sl19

sl20

Сподели на Facebook
пати видено