Во хипнотична соработка помеѓу човечкиот род и природните елементи, овие 70-метарски оргули во Хрватска ја користат енергијата на ветровите и водите на Јадранското Море да свират случајни, но смирувачки и хармонизирани ноти.
Морските оргули (Morske Orgulje), се дизајн на хрватскиот архитект Никола Башиќ (автор на идејата), Ивица Стамаќ (звук), проф. д-р Владимир Андрочец (хидраулика) и ателјето за оргули Хеферер. За јавноста биле отворени во 2005 година. Водата и ветрот влегуваат преку отворите на дното од скалите, преку кои што се спроведуваат во резонантните комори, за на крај звукот од овие комори да излезе преку отворите на највисоките скалила.
Местото е популарна локација за ручек на туристите и локалните жители, но не било секогааш така. Откако Задар бил целосно уништен за време на Втората светска војна, реконструкцијата му донела многу грди бетонски зданија, а помеѓу нив и ова бетонско крајбрежје. Но, морските оргули со сигурност носат подобрување и освежување на бетонското сивило.
Слушнете како звучи: