Патриша Органо работи како стјуардеса и за време на лет до Филипините направила хуман гест, кој патниците никогаш нема да го заборават. 24-годишната Патриша слушнала бебе како плаче хистерично веднаш штом авионот полетал. Таа се упатила кон мајката за да ја праша за што се работи.
Жената и кажала дека бебето е гладно, а таа немала во себе млеко. Бидејќи немало млеку ниту во авионот, Патриша решила да го „спаси денот“. Таа исто така е мајка на 9-месечно девојче и затоа се понудила да го надои бебето на непознатата жена.
Откако Патриша го надоила, бебето заспало, а таа вели дека можела да види ослеснување и во очите на мајката.
„Јас само можев да го замислам хаосот низ кој поминува и како мајка ми е познат тој стрес. Беспомошноста што ја чувствуваш кога не можеш да го нахраниш своето гладно дете е ужасна, па морав да помогнам. Таа чекала на аеродромот уште од претходната вечер и затоа снемала млеко за летот.“, вели Патриша.
Таа објаснува дека мајката ѝ се заблагодарувала за време на целиот лет и дека била пресреќна за помошта од добронамерната стјуардеса.