Погледнете ја оваа слика. Дали знаете кој е тој? Повеќето никогаш не слушнале за него. Но би требало. Кога ќе го видите неговото лице или ќе го слушнете неговото име, би требало да ја почувствувате истата одвратност како и кога ќе прочитате за Мусолини или Хитлер, или ќе ги видите нивните слики. Овој човек убил од 2 до 15 милиони луѓе во Конго. Точната бројка е непозната бидејќи не е водена никаква статистика. Неговото име е Леополд II, крал на Белгија.
Тој го „поседувал“ Конго за време на неговото владеење како монарх на Белгија. По неколку неуспешни обиди за колонизација во Азија и Африка, на крајот се задоволил со Конго. Го „купил“ и ги поробил луѓето, претворајќи ја целата земја во своја сопствена плантажа со робови. Своите бизнис зделки тој ги опишува како „филатропски и научни напори под знамето на Меѓународната Африканска Заедница“. Зад таа маска, тој со помош на робовскиот труд ги искористувал ресурсите во Конго, а тоа го спроведувал со помош на работнички логори, сакатења, убиства, измачувања, кои ги вршел преку неговата приватна армија.
Писателот Марк Твен напишал сатира за овој суров крал, во која го исмева обидот на Леополд да го оправда своето владеење во Конго. Сите сме слушнале за Холокаустот, но за истребувањето на некои народи во историските учебници воопшто не се ни спомнува. Зошто тоа е така?
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!