Двајца Македонци седнале да пијат. Пиеле цела вечер и одвај си отишле по дома. Наредното утро му ѕвони телефонот на едниот:
– Мите, ние со тебе вчера пиевме така?
– Да.
– А ракија пиевме ли?
– Да, пиевме.
– А коњак?
– Да и коњак пиевме.
– А ракетно гориво пиевме ли?
– Е да и тоа пиевме.
– А ти беше ли од сабајле во тоалет?
– Не.
– Е па не оди брат, јас од Токио се јавувам.