Марк Дајс го тестира концептот за „вистинска вредност на парите“ нудејќи им на случајните минувачи да бираат помеѓу бесплатна чколада Херши и сребрена прачка вредна 150 долари.
„Американците се измамени да веруваат дека скапоцените метали не се вредни“, вели Адисон Квејл во одговор на ова видео. Во информативниот експеримент, јасно се покажува како централните банкари создале „неинформирани, незаинтересирани, необразовани и покорни граѓани кои можат да ги влечат за носот.“ Таа вели дека тие „во основа го убедија населението дека златните и сребрените монети се крајно непрактични и премногу старомодни“. Како последица на тоа, повеќето граѓани сега цврсто веруваат дека обврзувачките банкноти и сертификати претставуваат вистински пари. Но, ако економијата доживее пропаст, за што многу експерти предвидуваат дека е неизбежно, хартијата нема да ви го обезбеди семејството; металите ќе бидат валута во побарувачка.
„Ќе ја земам чоколадата“, вели една жена кога Дајс ѝ вели, „на кого му е потребна прачка сребро од 10 унци, нели?“
„Точно така!“, одговара друг човек на истото прашања. „Херши чоколадата можам да ја изедам, среброто не можам да го јадам“, забележува друг минувач. Ова не е првпат Дајс да ги тестира Американците за нивниот концепт за вистински пари. Во претходно видео се обидел да продаде сребро од 10 унци за само 99 центи, при што никој не сакал да го купи.