Јапонската компанија за производство на керамика Кураку Килн во градот Арита го одржува својот бизнис уштеод 1865 година, и во текот на последните 150 години насобрала големо количество на непродадени производи. Толку големо, што дури и самите работници не знаат што има по складовите, особено поради фактот дека во него има над 100 000 различни предмети.

Сега решиле да се ослободат од сето тоа овозможувајќи им на купувачите за такса од 45 долари да можат да земат со себе колку што ќе можат да понесат, а за 90 долари им се дава и специјална колекција од украсени керамички производи. Поради општата навалица и стремежот работата да тече организирано, се примаат по десет потрошувачи дневно, поради што купувачите треба да си закажат.

јп01 јп02 јп03 јп04 јп05

Сподели на Facebook
пати видено