Родителите, особено мајките, имаат вродено чувство и желба да ги заштитат своите деца. Но, што треба да прави човек кога треба да се заработи некаква минимална плата, а нема кој друг да се грижи за децата? Кога сте еден од милионите селани работници во Индија, го правите тоа што морате за да преживеете – го врзувате вашето дете за некој поголем камен или за дрво со цел да спречите да истрча на прометниот пат и да загине.

За луѓето во развиените земји ова веројатно звучи ужасно. Но, тоа е честа пракса за околу четириесет милиони градежни работници во Индија, при што од секои петмина, една е жена, кои што работат по девет и повеќе часови дневно на голема жега. Нивната дневница изнесува околу 3.6 долари и ни одблизу не е доволно да можат да си дозволат детска грижа, ако се исклучат најосновните потреби, па така родителите се приморани на драстични мерки со цел да се погрижат за нивните деца.

in

Жената на сликата подолу, Шивани КАлара, го врзала своето дете за камен за таа и нејзиниот сопруг да можат да копаат дупки за електрични кабли. Секој ден босоногото дете стои во правот, врзано со 1.4 метарска пластична лента за означување опасност на патот. Дваесет и тригодишната мајка од Ахмедабад вели дека нема друг избор.

„Ја врзувам за да не истрча на патот. Мојот најмал син има три и пол години, па така тој не може да ја контролира. Ова место е полно со сообраќај, и немам друг избор. Го правам ова поради безбедносни причини“, вели таа.

Безброј семејства го прават истото со нивните деца во текот на денот. Нивниот живот главно се состои од работа, работа, работа…со многу мала плата. Всушност, многу од овие семејства живеат на самите градежни локалитети. Некои спијат во шатори, но многу – како што е случајот со семејството Шивани – спијат на отворено. Условите за живеење не се соодветни ниту за родителите, ниту за децата. Прабхат Јха, директор за детска заштита при „Спаси ги децата, Индија“ верува дека владата треба да истапи и да помогне.

„Треба да има капацитети за престој, обезбедени било од владата, било од страна на градежните компании. Би требало да има безбедно место за овие деца. Тие се наоѓаат во вистинска опасност да бидат повредени.“

За жал, многу малку се прави за да се осигура безбедноста на градежните работници и нивните семејства. Компаниите напредуваат преку најмување евтина работна рака, често луѓе од исто село, коишто немаат соодветна обука. Често се оставаат да работат без речиси никаков надзор и безбедносни мерки. Како резултат на тоа, мајките можат да направат само мали паузи во текот на денот за да ги нахранат нивните деца, но им останува многу малку можност за нешто друго освен тоа. Уште полошо, на надзорниците не им е многу грижа за условите кои причинуваат милиони луѓе да страдаат.

„Ним не им е грижа за нас или за нашите деца, тие се заинтересирани само за нивната работа“, вело г-ѓа Калара.

Уште еднаш, човештвото се покажува во своето најлошо светло.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено