Џулија Бернандери истура кафе и го претвора во уметност. 27-годишната Италијанка дипломирала на Уметничката академија во Болоња, и во моментот работи со деца во музеј. Нејзината работа е секогаш спонтана.
„Решив четката да ја заменам со сѐ што ќе понуди природата, како лисја, луспи од овошје и воопшто храна“, вели таа за Хафингтон Пост. „Никогаш не ја планирам својата работа однапред…На пример, кога пијам кафе, си помислувам на нијанските кои би можела да ги создадам кога би го истурила кафето на масата.“