Иако повеќето од нас уживаме да се изгубиме себеси во некој урнебесен филм, за Трејси Херинг ова може да биде опасно по здравјето. 44-годишната жена мора да избегнува било што што би ја насмеало, плашејќи се дека тоа може да ја остави привремено парализирана. Г-ѓа Херинг, која живее во Шефилд, страда од ретко нарушување познато како катаплексија којашто предизвикува ненадејна слабост на мускулите предизвикана од силни чувства.

2A6700C700000578-3155969-image-m-21_1436520990217

„Во мојот случај, смеата предизвикува вратот да ми стане слаб“, вели таа. „Губам контрола врз моите екстремитети и станувам парализирана на левата страна. Тоа вообичаено трае неколку секунди, но е застрашувачко.“

2A6700CF00000578-3155969-image-a-1_1436520738135

Поради нејзината катаплексија, Херинг не гледала комедија уште од 2003 година, кога прв пат и било дијагностицирано ова ретко нарушување. „Пропуштив многу големи хитови“, признава таа. „Непријатно е кога пријателите ќе ме прашаат – го гледаше ли тој филм? Секако дека не сум го гледала.“

2A6700D700000578-3155969-image-a-2_1436520752951

И покрај претпазителните мерки, таа сепак претрпува напади од време на време, и поради тоа се чувствува посрамено. Нејзиниот партнер Мајкл Вајлд кога првпат ја сретнал мислел дека пиела пред средбата. Првите напади почнала да ги добива кога имала триесет и две години.

„Пиев чаша црвено вино, смеејќи се. Одеднаш добив чудно чувство во раката, изгубив контрола врз неа и насекаде го истурив виното. Раката ми висна, се избезумив од страв.“ Како што нападите зачестиле, таа се исплашила дека добила тумор на мозокот. „Прво беше мојата рака, а потоа тоа почна да ми се случува и со вратот и нозете. Направив невролошки тестови и се испостави дека имам катаплексија. На луѓето кои ги среќавам им објаснувам дека ми се случува тоа, инаку може да биде доста непријатно.“

2A6700F300000578-3155969-image-a-14_1436520949476

Еднаш паднала и на улица, но за среќа со неа биле нејзините родители, бидејќи кога паднала, удрила многу лошо на главата. „Ужасно е да се помисли дека би можело да ми се случи такво нешто кога сум сама“, вели таа.

Покрај ненадејната мускулна слабост, катаплексијата се манифестира и со забавен говор и привремено нарушен вид (двојно гледање, неспособност за фокусирање), но слушањето и свесноста се ненарушени. Нападите често траат помалку од две минути. Некои луѓе имаат напади на катаплексија кои траат и до триесет минути.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено