– Брат, се заљубив!
– Ајде бе! Во која?
– Во Ана, од Фејсбук, што ти расправав.
– Ама нели вие вчера прв пат се сретнавте во живо и тоа случајно на улица.
– Како да ти објаснам брат, девојката ги разбира сите мои проблеми. Испивме по едно кафе и ја испраќам јас, a таа ме кани да влезам на кафе, вели дека е сама дома. Јас ѝ велам не можам, морам да одам, имам некоја важна обврска. И таа тогаш ми рече „Не се срами и моите чорапи се со дупки!“