Пред дваесет и пет илјади години светот сѐ уште се наоѓал во прегратките на Леденото доба. На планетата доминирале мамути и огромни пространства лед. Животот бил исполнет со опасности и се живеело брзо. Споредено со денешниот чекор на човештвото, човекот од леденото доба животот го живеел во спринт.
Камен и лед
Горен палеолит е периодот од 50.000 до 10.000 години пр.н.е. Најстудената фаза од од Леденото доба би помеѓу 26.000 и 20.000 години пр.н.е. Поголемиот дел од Европа бил покриен со мраз и животот бил неверојатно тежок.
Детство
Детството завршувало на 13-годишна возраст, кога детето ќе навлегло во пубертет. Жените за време на Леденото доба своите први деца ги раѓале на возраст од 15-16 години.
Не толку детски
Децата морале да земат активна улога во општеството за да созреат толку млади. Тие започнувале да им помагаат на возрасните во секојдневните обврски штом ќе станеле физички способни за тоа.
Полнолетството денес
Денес законски определената возраст кога личноста се смета за ворасна е осумнаесет години и во просек до таа вораст се спроведува задолжителното образование. Младите кои продолжуваат со образованието на факултет, во просек учат до 25-годишна возраст. Младиот брачен пар во просек своето прво дете го добива на 25 години.
Зрели години
Според статистиката, просечниот ловец-собирач од Леденото доба ги имал истите изгледи да умре на 30 години, коишто денес ги има просечниот 72-годишен Јапонец.
Секојдневниот живот
Секој полнолетен имал две задачи на кои треба најмногу да се сосредоточи: лов и собирање. Ловот на мамути и други суштества кои скитале по земјата во тие времиња бил координиран, но и опасен потфат. Алатите се правеле од камен, а тоа одземало многу време. Се искористувал секој дел од уловеното животно и сѐ се правело рачно при сурови временски услови. Во време во кое немало самопослуги и трговски центри, тогашниот човек поголемиот дел од својот ден го минувал во мачен труд за да преживее.
Без многу работа
Поголемиот број од луѓето денес почнуваат да работат просечно на 25 години, при што осумчасовната работа дневно е стандард, со два слободни дена во седмицата. Веројатно не го минувате слободното време во отстранување влакна од кожите на уловените диви животни, длабење на камења за да направите лампа или плетење кошници – но кој да ве знае…
Статусот на постарите
Просечниот век на луѓето во тоа време траел 30 години, и тоа при услови на човекот да не му се случи некаква несреќа, да биде убиен од сабјестите заби на предците на денешните домашни мачки, мастодонт или некое друго џиновско животно. Малкумина успеале да надживеат 30 години. Истражувачите откриле дека дедовците и бабите биле реткост во тоа време, бидејќи животот бил премногу краток за три генерации да можат да живеат заедно.
Преживување
Подоцна, просекот на преживување драматично се зголемил и луѓето почнале да живеат подолго од 30 години. Околу 25 посто од луѓето успевале да ја доживеат четириесеттата година.
Старост
Денес, возрасните во светот се пензионираат во просек на 65-годишна возраст, по што многумина од нив продолжуваат со активниот живот. Во Леденото доба, од друга страна, белата коса била реткост.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.