Сидни Енгелберг, професор на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, се вознемирил кога на неговото предавање во врска со организационо однесување детето на една од неговите студентки почнало да плаче. Засрамената мајка се обидела да го напушти предавањето, но наместо тоа професорот кој е татко на четири деца и дедо на пет, го зел детето и го смирил во неговата прегратка, без да го прекине предавањето ни за миг.
Како што се раскажува, Енгелберг им дозволува на младите мајки на неговите предавања да ги носат и своите деца, па дури и да ги дојат, бидејќи смета дека не треба да постои избор помеѓу детето и образованието.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.