Еден ден, еден богат татко решил да го прошета синот по државата. Сакал да му покаже на синот колку бедни луѓе има и како живеат тие за да почне да го цени она што го има.
Тие го поминале денот во селска куќа на едно сиромашно семејство.
На патот кон дома, таткото го прашал:
– Виде ли колку се сиромашни? Што научи?
Момчето одговорило:
– Ние имаме едно куче, тие имаат четири,
ние имаме базен, тие имаат река,
ние имаме сијалици во ноќта, тие ги имаат ѕвездите,
ние купуваме храна, а тие ја кинат од земјата,
ние сме заградени со огради и ѕидови да не заштитат од непријателите, а тие се пријатели со сите.
Ние имаме скапи книги тие ја имаат само библијата.
Тие се среќни.
Детето замолчело за миг и му рекло на татко си:
– Ти благодарам татко што ми покажа колку сме бедни.
МОРАЛНА ЛЕКЦИЈА:
Парите не не прават богати, туку едноставните и вистински работи во животот.
Не заборавајте да споделите.