Одамна се зборува за тоа дека родителите си имаат омилено дете, но сега истражувачите решиле изведат научно истражување на таа тема. Во една студија се открива дека 74 отсто од мајките и 70 отсто од татковците признале дека едно од децата го сакаат повеќе од другите. Иако родителите не се конкретни во поглед на тоа кое им е омиленото дете, кога биле интервјуирани деца, резултатите покажале дека помалите браќа и сестри чувствувале дека најчесто тоа е првороденото дете. Помалите деца велат дека ова им ја нарушило самодовербата.

dt

Социолозите сметаат дека едноставно со тоа што се нашле први да завршат некоја задача како најголемото дете, првородените развиваат поголема самодоверба и наметливост. Во студијата биле опфатени 384 семејства и е објавена во Журналот на семејна психологија. Сепак, во неа се истакнува дека на родителите најмногу им значат постигнувањата на најстарото дете затоа што тие за првпат заедно со него доживуваат гордост поради успесите на своето дете.

Со други истражувања пак, се покажало дека децата развиваат поголема интелегенција ако имаат постар брат или сестра, а има и такви наоди според кои омиленото дете најчесто е најмалото дете. Што мислите вие?

Сподели на Facebook
пати видено