Шефовите на италијанската и на руската мафија и еден кочански мафијаш се собрале за да дознаат која мафија е најјака. Почнале да се расправаат и бидејќи не можеле да се убедат решиле да се натпреваруваат, која мафија ќе ја изврши задачата најбрзо, таа е најјака. Задачата била да му се донесе камила на шефот.
Прв италијанскиот шеф на мафијата им ѕвони на своите:
– Регаци, сакам да ми донесете една камила, што е можно побрзо!
Два часа подоцна, Италијанците влегуваат и водат камила. Шефот е задоволен.
Втор рускиот шеф им се јавува на своите луѓе:
– Ребјата, сакам да ми донесете една камила веднаш!
Русите пристигнуваат за 1 час и водат камила. Шефот се уште позадоволен од Италијанецот.
На ред доаѓа кочанскиот мафијаш. Се јавува на телефон:
– Брат, ај донесете ми една камила, најдете таму некаде кај реката!
По 10 минути, двајца кочански мафијаши влегуваат и водат едно магаре.
Другите двајца шефови:
– Еј, па ова не е камила!
– Камила сум! – Извикува магарето.