Му подариле на еден кочански мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот, тој го бендисал, но рекол дека не го разбира. Му објасниле дека всушност многу лесно се познава колку е часот – кога двете стрелки се горе е дванаесет, а кога се долу е шест и пол. Следниот ден мафијашот стои на улица и го чека шефот. Покрај него поминува едно девојче и го прашува:
– Чичко, колку е часот?
Мафијашот фрла еден тежок поглед кон својот елегантен часовник, размислува кратко време и вели:
– Рано е да се каже…

Сподели на Facebook
пати видено