Во црквата влегува кочански мафијаш, му удира еден силен шамар на попот потсмешливо вели:
– Попе, нели е речено ако тие удрат по едниот образ, треба да го свртиш и другиот!?
Попот, поранешен шампион во бокс кој се покајал, со еден бокс го истрелува кочанскиот мафијаш во спротивниот агол и одговара:
– Речено е исто така, дека со каква мерка мерите, со таква ќе ви мерат!
Исплашените верници прашуваат:
– Што се случува?
Клисарот објаснува:
– Ааа ништо, ништо, го толкуваат светото писмо.

Сподели на Facebook
пати видено