Се враќа една бабичка од пазар и многу бавно ја преминува улицата. Се слуша нагло кочење и шкрипење на гуми на старо BMW. Од BMW-то подава глава кочански мафијаш и ѝ вели на бабата:
– Еј бабиште, што не си седиш дома туку се влечеш по улиците и го попречуваш сообраќајот?
Бабичката налутено му одговара:
– Гледај си ја работата бе тиквар, да не те кажам на внук ми!
– Кажи му на твојот внук дека утре во 2 часот сме тука со другарите и ќе има пукање!
Наредниот ден доаѓаат мафијашите со 2 стари BMW-ња на истото и ја гледаат истата бабичка:
– Каде е сега внук ти, а?
– Не знам, тука некаде, тој е снајперист…

Сподели на Facebook
пати видено